Трахисан е лек кој содржи:
Антибиотик, висока антибактериска ефикасност во грлото и усната шуплина. На овој начин се избегнува влијанието на антибиотиците системски, врз целиот организам. Без ризик за појава на резистентност. Поради неговата безбедна примена и широкиот опсег на дејство против повеќе бактерии, габи и одредени вируси, тиротрицинот се смета за антибиотик од прв избор при третман на акутни инфекции во грлото и усната шуплина.
Анестетик, кој брзо ја намалува болката во грлото и го олеснува голтањето и зборувањето.
Антисептик, ефикасен против најчестите причини за инфекции на грлото и усната шуплина.
Трахисан содржи антибиотик тиротрицин, кој делува само локално во грлото и усната шуплина. Поради големината на молекулата, слабата растворливост во вода и отпорноста на ензимот пептидаза, овој антибиотик не поминува низ кожата и мукозните мембрани.
Дури и ако по грешка стигне до желудникот, тиротрицинот таму се разградува и не преминува во крвта. На овој начин се избегнати бројните недостатоци на системските антибиотици. Бидејќи е локален антибиотик, лекот не мора да се зема во одредено време, па затоа неговата употреба е многу едноставна.
Дозирање:
Возрасни: растворете по една пастила во устата на секои два часа, максимум до 8 пати на ден.
Деца на возраст од 6 години и постари: растворете по една пастила во устата на секои два часа, до 6 пати на ден.
Доколку по 2-3 дена од почетокот на земањето на лекот нема значително подобрување или состојбата се влоши, потребно е да се прекине терапијата и да се консултира лекар.





Критики
Нема критики сеуште.