Запек или опстипација
Запекот е честа дигестивна тегоба кај доенчиња и карактеристично за него е нередовно и болно празнење на цревата кое се должи на нарушена работа на цревата. Кај доенчињата станува збор за запек кога имаат столица два пати неделно или поретко. Столицата е тврда, а празнењето на цревата е отежнато.
Кај доенчињата со запек во исхраната се препорачува употреба на млечна формула Novalac IT.
Novalac IT е единствена млечна формула со зголемена количина на лактоза и магнезиум за полесно празнење на цревата и спречување на запек кај доенчиња.
Зголемената количина на лактоза има двојно дејство: привлекува вода во дебелото црево и на тој начин ја омекнува столицата, а истовремено има пребиотски ефект, бидејќи како храна за корисните бактерии во цревата го забрзува нивното размножување и со тоа го зголемува волуменот на столицата.
Покрај тоа Novalac IT има зголемена количина на магнезиум кој привлекува вода и со тоа ја омекнува столицата, го зголемува волуменот на столицата и влијае на перисталтиката на цревата и со тоа се овозможува често и лесно празнење на цревата.
Млечната формула Novalac IT ги задоволува сите нутритивни потреби на доенчињата, бидејќи е збогатена со железо, содржи оптимална количина на масти и протеини и ги обезбедува важните аминокиселини, минерали и витамини.
Novalac IT е дел од големата група на посебно прилагодени производи за доенчиња со внимателно одбрани состојки и проверен квалитет.
Составот на млечните формули Novalac е во склад со европските стандарди за детската млечна храна, не содржи генетски модифицирани организми (ГМО), а не содржи ни глутен.
Критики
Нема критики сеуште.