Аптека 1

072 250 885

Аптека 2

070 260 269

Аптека 3

070 304 700

Trachisan x 20 пастили за грло

Trachisan x 20 пастили за грло

  • кога имате болка во грло, отежнато голтање и зборување.
  • кога ви треба брзо решение за инфекција во грлото или усната шуплина.
  • кога имате бактериска инфекција во грлото или усната шуплина, а немате лекарски рецепт.

300ден

Плати на врата

Подршка 24/7

Врвен квалитет

Трахисан е лек кој содржи:

Антибиотик, висока антибактериска ефикасност во грлото и усната шуплина. На овој начин се избегнува влијанието на антибиотиците системски, врз целиот организам. Без ризик за појава на резистентност. Поради неговата безбедна примена и широкиот опсег на дејство против повеќе бактерии, габи и одредени вируси, тиротрицинот се смета за антибиотик од прв избор при третман на акутни инфекции во грлото и усната шуплина.

Анестетик, кој брзо ја намалува болката во грлото и го олеснува голтањето и зборувањето.

Антисептик, ефикасен против најчестите причини за инфекции на грлото и усната шуплина.

Трахисан содржи антибиотик тиротрицин, кој делува само локално во грлото и усната шуплина. Поради големината на молекулата, слабата растворливост во вода и отпорноста на ензимот пептидаза, овој антибиотик не поминува низ кожата и мукозните мембрани.

Дури и ако по грешка стигне до желудникот, тиротрицинот таму се разградува и не преминува во крвта. На овој начин се избегнати бројните недостатоци на системските антибиотици. Бидејќи е локален антибиотик, лекот не мора да се зема во одредено време, па затоа неговата употреба е многу едноставна.

Дозирање:

Возрасни: растворете по една пастила во устата на секои два часа, максимум до 8 пати на ден.

Деца на возраст од 6 години и постари: растворете по една пастила во устата на секои два часа, до 6 пати на ден.

Доколку по 2-3 дена од почетокот на земањето на лекот нема значително подобрување или состојбата се влоши, потребно е да се прекине терапијата и да се консултира лекар.

Критики

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “Trachisan x 20 пастили за грло”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични производи

Scroll to Top