Аптека 1

072 250 885

Аптека 2

070 260 269

Аптека 3

070 304 700

Интеракции и начинот на земање на антимикотици или лекови за габични инфекции (Флуконазол или Тербинафин).

Зошто сега ви го пишувам овој пост и сами знаете дека овој период габичните инфекции посебно кај понежниот пол се многу чести. И поради една многу важна причина што доста од пациентите сами на своја рака си ги земаат овие лекови без да се консултираат со својот матичен лекар или гинеколог.

1. Многу подобро е да ги земате со газирани пијалоци, затоа што така му се зголемува плазмената концентерација до 80%. Затоа што овие лекови се слабо растворливи бази кои мора да бидат трансформирани во желудникот како хидрохлоридна сол. И затоа сите пијалоци со кисело Ph кои го намалуваат Ph-то во желудникот ја зголемуваат апсорбцијата кај овие лекови.

2. За начинот на земање на овие лекови со јадење или пред јадење, може да ги земате кога сакате.

3. Кога земате Флуконазол заедно со Омепразаол, се зголемува плазмената концентрација на Омепразолот во крвта и АUC ( тоталната експозитура на еден лек во нашето тело ) од 2,5 до 6 пати.

4. Исто така АКО земате диуретик Хидрохлоротиазид заедно со Флуконазот е уште една предност затоа што исто така и овде се зголемува плазмената концентрација на Флуконазолот за 40 % кога го земате заедно со Хидрохлоротиазид.

Scroll to Top