Аптека 1

072 250 885

Аптека 2

070 260 269

Аптека 3

070 304 700

Магнезиум сулфат со гентамицин

Штотуку родено новороденче со покачено ниво на магнезиум развива респираторен арест кога му е дадено ампицилин 100мг/кг и.в и гентамицин и.м 2,5мг/кг на секои 12 часа после втората доза. Потоа веднаш го отстрануваат гентамицинот и се стабилизира состојбата на новороденчето.

Ова се јавува кај родилака која има предеклапсија (компликација на беменост карактеризирана со висок крвен притисок, оток на рацето, нозете и стапалата и/или протеинурија). Да се вратиме на случајот, родилката е третирана со магнезиум сулфат и има мускулна слабост и концентрацијата на магнезиум и е 1,7mmol/L што во овој случај е нормално затоа што терапевтска доза на магнезиум за третирање на предеклапсија е 4-7 mEq/L или 1.65-2.88 mmol/L. Нормално ниво на магнезиум кај жена во бременост е 1.6-2.1 mg/dl или 0.66-0.86 mmol/L.

Механизмот на оваа реакција е тоа што магнезиумот во овие дози 1.65-2.88 mmol/L и гентамицинот ја блокираат невромускулната активност доволно за да ја сопре активноста на респираторните мускули.

Истото може да се случи и само со давање на гентамицинот.

Scroll to Top