Депресијата е резултат на незадоволство, на неисполнети желби, страсти.
Сите ние си имаме по некоја желба, некои побарувања, се нешто ни фали. Ако овие желби ни се исполнат, се чувствуваме среќни, задоволни и се е во ред, барем поголем дел од луѓето се со таков мисловен процес. Доколку се делумно исполнети, чувствуваме делумно незадоволство, состојба во која живееме и на која сме се навикнале.
Ние се обидуваме да го неутрализираме таквото незадоволство на различни начини, без разлика дали со лекови, со забави и достигнување на некои цели во нашите животи, и на тој начин успеваме да останеме на површината.
Постојат одредени состојби на депресија каде што чувствуваме длабока, темна и отворена празнина внатре, не чувствувајќи никакво исполнување во сегашниот момент што е навистина многу тешко. Обично живееме со надеж за иднината. Планираме различни цели за себе за да го исполниме нашиот спектар на желби. Обично сме окупирани со мисли за храна, секс, рекреација, правење пари, стекнување почит во општеството, акумулирање на знаење, а некои луѓе дури сакаат да стекнат одредени позиции на слава или моќ. Развивме низа начини на кои ги исполнуваме таквите желби и тие делуваат како одвлекување од подлабоките егзистенцијални прашања, дозволувајќи ни да ги живееме нашите животи на одредено површинско ниво.
Во моментот кога ќе почнеме да чувствуваме такви депресивни состојби, тогаш си ги поставуваме егзистенцијалните прашања кои претходно можевме успешно да ги прикриеме.
Ако најдеме смисла и цел да им служиме на нашите страсти за храна, секс, рекреација, пари, чест, контрола и знаење, т.е. ако можеме да уживаме со директно исполнување на овие желби или со замислување на нивното идно исполнување, тогаш животот подлабоките егзистенцијални прашања остануваат закопани под оваа потрага по задоволства.



