Ке ви напишам неколку случаеви кои веќе се пријавени во Франција и Шпанија интеракцијата е помеѓу Enalapril, Lisinopril, Perindopril, Ramipril so Glibenclamide, Metformin, Insulin. Има доста пријави, јас ке ви напишам само неколку каде истите лекови се употребуваат и кај нас и тоа ги земаат многу пациенти.
1. Еналаприл 5 мг. дневно и Глебенкламид 5 мг. дневно = хипогликемија, нивото на глукоза во крвта 2.3 mmol/L, намалена дозата на глибенкламид на 2,5 мг.
2. Еналаприл 5 мг. дневно и Глебенкламид 5 мг. дневно =
хипогликемичен напад, намалена дозата на глибенкламид на 1,25 мг.
3. Еналаприл 5 мг. дневно, потоа зголемена дозата на 10 мг. и Глебенкламид 3,5 мг. дневно = хипогликемичниот ефект зголемен на глибенкламидот измеѓу 2 – 4 час од кага е земен еналаприлот.
4. Енлаприл со инсулин = намалена е потребата од инсулин.
5. Лизиниорил со Глибенкламид и метформин = пријавено хипогликемија.
6. Лизиноприл 10мг. со Гликлазид = хипогликемијата
и е решена со стопирање на гликлазидот.
7. Периндоприл со глибенкламид = пријавено хипогликемија.
8. Рамиприл 2,5 мг. со Глибенкламид 5 мг. и Метформин 1,7 г. дневно и пациентот земал и напроксен каде што освен хипогликемија се јавува и бубрежно оштетување.



