Аптека 1

072 250 885

Аптека 2

070 260 269

Аптека 3

070 304 700

Бета блокери + блокатори на калциумовите канали

Lercandipine ( Lercanil, Pinox )

Кога се зема задно со metoprolol ( Bloxan ) се намалува биорасположливоста до 50% ( делот на администрираната доза на лек кој непроменет доспева до системската циркулација и претставува едно од главните фармакокинетички својства на лековите ), додека биорасположливоста на metoptolol останува непроменета.

Diltiazem ( Aldizem )

Во една анализа на лекови во Финска во период од 2000 до 2006 година во одделот на токсикологија се евидентирани 267 тешки форми на интеракции на лекови.

Во врска со употребата на бета блокери заедно со verapamil или diltiazem се наброени 22 фармакодинамични интеракции. Во еден случај, 63 годишен човек кој починал во сообраќајна несреќа му е принајдено мало покачено ниво на bisoprolol ( 0,13 mg/L ) и терапевтско ниво на diltiazem. И се шпекулирало дека оваа комбинација довела до брадиаритмија која сметале дека била причината за смртността кај овој пациент.

Исто така и кај други 16 пациенти кои земале diltiazem со atenolol, metoprolol, propranolol или sotalol се регистрирани симптоматски и тешки форми на брадиаритмија.

И во друга студија се регистрирни уште 21 пациент кои земале бета блокери со diltiazem. Oд бета блокерите 13 пациенти земале propanolol, 5 пациенти на atenolol, 2 пациенти на metoprolol и 1 пациент на oxprenolol. Се појавила брадикардија, хипотензија, синкопа и влошена срцева слабост.

Verapamil

Во едне случај од кои 34 пациенти од 42 пациенти кои земале verapamil 360 mg дневно со бета блокери ( atenolol 100 mg 34 пациенти, atenolol 50 mg 2 пациенти, propranolol 160 mg 4 пациенти, pindolol 20 mg 1 пациент и metopolol 1 пациент. Со оваа терапија се намалиле епизодите на ангина пекторис во период од 6,5 месеци. Кај 12 пациенти се јавило потреба да се намали дозата или да се отстрани еден од лековите или да се отстранат и двата лекови.

Кај 2 пациенти се појавило брадикардија, кај 6 пациенти диспнеа, кај 2 пациенти замор, кај 1 пациент хипотензија со вртоглавица, синкопа и замаглен вид што настанува при станување или подолго неподвижно стоење во фиксна положба и кај последниот пациент до сега неспецифични симптоми.

Бета блокери во комбинација со verapamil имаат негативен инотропен ефект ( го забавува отчукувањата на срцето ).

Интерaкцијата помеѓу бета блокерите и verapamil e докажана и документирана. И е потенцирано дека додека се даваат овие лекови треба да се даваат во болница каде што може внимателно да се следи пациентот и дозирањето на лековите, посебно во привите неколку денови каде што овие реакции најчесто се јавуваат.

Scroll to Top