Пријавени се три случаеви каде се појавува епилептичен напад кај пациенти кои земаат валпроат или валлпроат и фенитоин заедно со гинко.
55 годишна жена зема валпроат и фенитоин за епилепсија и со бајпас на коронарната артерија претрпува фатален епилептичен напад. Анализата на нејзината медицинска историја покажува дека има нејасни субтерапевтски нивоа – пониска доза од таа што требала да ја прими на серум на валпроат и фенитоин на последните три преглада кај нејзиниот лекар. Подоцна е пронајдено дека пациентот на своја рака земала многу витамини, суплименти и лекови од растително потекло без да знае нејзиниот лекар, од кои Гинко екстракт бил најчесто земан. други лекови од растително потекло што ги земала биле Ginseng ( жен шен )и Saw Palmetto (ниско-растечка палма ).
78 годишен човек, кој има епилепсија и ја контролира одлично веќе 7 години со 1,2 грама дневно валпроат. Му се јавува надап откако му епрепишано гинко 120мг дневнио 14 дена за благо когнитивно оштетување. Веднаш му го повлекуваат гинкото од терапијата и пациентот е веќе 8 месеци без епилептичен напад.
Гинкото содржи неуротиксин 4-О-methoxypyridoxine или ginkotoxin, кој индиректно ја инхибира глутамам декарбоксилазата јикако резултат се јавува епилептичен надад и намалени нивоа на γ-аминобутерна киселина (GABA).
Консултирајте се со вашиор фармацевт за интеракции на лекови.
Не земајте на своја рака витамини, додатоци во исхрана или лекови без консултација со вашиот лекар или фармацевт.



