Panax ginseng или Жен шен го зголемува клиренсот на алкохолот и го намалува крвниот притисок.
Клиренсот е процес на прочистување, брзината со која една супстанца се отстранува од крвта.
Клинични докази
На 14 здрави пациенти им е дадено алкохол 72г/65кг со и без екстракт од жен шен. Дадени им се 7 дози кои треба да ги испијат во рок од 45 минути, првите четири дози на секои 5 минути и следните три дози на секои десет минути. Резулатите добиени после 40 минути од последната доза, е пронајдено дека
жен шенот го го намалува алкохолот во крвта во просек од 39%.
Кај 10 пациенти е покажано намалување од 32-51% на алкохот во крвта, кај 3 пациенти од 14-18% и само кај еден пациент не се појавиле никакви промени.
Сето ова се должи на жен шенот затоа што ја зголемува активацијта на ензимот алдехид дехидрогеазата.
Значи после секое пијанство, жен шенот у џебот и г’тате ракија.



