Аптека 1

072 250 885

Аптека 2

070 260 269

Аптека 3

070 304 700

Аскорбинска киселина ( Витамин Ц ) и Салицилати ( Кардиопирин, Аспирин )

Аскорбинска киселина ( Витамин Ц ) и Салицилати ( Кардиопирин, Аспирин )

Кардиопириниот или Аспиринот ја намалува апсорпцијата на витаминот Ц за една третина, додека нивото на кардиопирин или аспирин останува непроменето.

Во студија со здрави пациенти, дадено 500мг витамин Ц заедно со Аспирин 900мг, нивото на витамин Ц е намалено за една третина, и уринарната екскреција е намалена за 50%.

Во друга студија каде се дава аспирин 800мг три пати дневно, и кога не се земаат додатоци во исхраната кои содржат витамин Ц, пак го намалува нивото на витамин Ц во организмот.

За сега сеуште не јасно зошто доаѓа до намалвање на нивото на аскорбинската киселина или витаминот Ц.

Поради оваа причина е предложено да се зголеми дозата на витамин Ц од 100 до 200мг ако пациентот зема кардиопирин или аспирин редовно.

Нормалните потреби од витамин Ц се од 30 до 60мг дневно.

Кај високи дози на витамин Ц се јавува:

– диjaреа

– подуеност

– грчви

Stockley’s Drug Interactions 12 edition 2019

Scroll to Top