Аптека 1

072 250 885

Аптека 2

070 260 269

Аптека 3

070 304 700

Третман на глисти кај деца

Доаѓа мајка со нејзиниот 5 годишен син и го повикува нејзиниот фармацавт да раговараат. Мајката се жали дека нејзиното дете многу често ги соблекувало шорцевите или долните пижами навечер додека спие. Мајката се посомневала дека е од жешкото, но нејзиниот син продолжил да го прави истото.

На крајот на разговорот мајката спомнува дека детето често се чешало олоку анусот.

На крајот на дискусијата е јасно дека нејзиното дете има глисти.

На мајката не и било јасно пошто нивната куќа била постојано чиста и дека редовно ги капела децата.

Глистaта – Enterobius vermecularis е многу честа и се третита многу лесно. Се јавува често каде нивото на хигиена е ниско, но има стидии каде е докажано дека не е секогаш до хигиента и дека се јавува во сите сектори во јавноста.

Децата може меѓусебно да си ја пренесанат. Првиот знак дека вашето дете има глисти е кога ке почни да се чеша околу анусот, посебно навечер, глистите се јавуваат како мали бели влакна во столицата и околу анусот.

Други дијагнози може да бидат: егзема, дерматитис или друг вид на глиста.

Лекот е мебендазол, за третман консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт, начинот на дозирање е спицифичен и многу често се зема и втора доза по 14 дена од кога ке а земете првата доза.

На што треба да внимава мајката?

За да се избегне оштетување на кожата околу анусот, детето треба да носи долни пижами и ракавици на рацете.

Ноктите треба да се сечат што е можно по кратки, затоа што глистите се засолнуваат во нив после чешањето и нормално миење на раце после секое одење во тоалет и пред јадење.

Да не се тушираат децата навечер со жешка вода пред спиење, така ке се намали иритацијата. Додека туширањето наутро секое утро е задолжително.

Истотака мајката треба да ги извести вработените во градинката или во училиштето, и да не присуствува детето се додека не му е земена првата доза.

Scroll to Top