Аптека 1

072 250 885

Аптека 2

070 260 269

Аптека 3

070 304 700

Дозирање Флуконазол ( Fluconazole )

Гледам доста случаеви каде пациентите на своја рака си го прекинуваат лекувањето а од друга страна и не се информирани.

Ви пишувам за ФЛУКОНАЗОЛ каде доста често гледам грешка дозирање во случај на мукозни инфекции на слузницата и грлото, спречување на инфекција предизвикана од Candida и најмногу кај габични инфекции на кожата и ноктите.

Најчесто ми идат со препис од Fluconazol 150mg еднаш неделно од 1 до 4 недели терапија.

За лекување на мукозни инфекции на слузницата и грлото дозирањето е: 200mg до 400mg првиот ден, потоа 100mg до 200mg еднаш дневно се додека не му е кажано да прекине со терапијата од страна на докторот.

За лекување на габични инфекции на нокти: Во зависност од местото на инфекцијата 50 mg еднаш дневно, 150 mg еднаш неделно и 300 до 400 mg еднаш неделно во тек на 1 до 4 недели.

Истото дозирање е и за адолесцети на возраст од 12 до 17 години, но сепак треба да се посоветувате со вашиот лекар или специјалист.

Додека кај деца до 11 години дозирњето е 3 mg до 12 mg на kg телесна тежина, во зависност од нфекцијата и од тежината на детето, а максимална доза за деца е 400 mg.

ПРЕД УПОТРЕБА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.

Scroll to Top